Во Лозница, гратче во Србија, отворен е музеј во чест на починатиот српски пејач Синан Сакиќ.
Музејот го отвори вдовицата на Сакиќ, Сабина. Во музејот се изложени сите награди и плакети, фотографии, како и златни прачки и часовници што ги носел. На отворањето, меѓу другите, пристигна и Ханка Палдум.
Инаку, Синан Сакиќ, да беше жив, вчера ќе го прославеше својот 67 роденден.
Потсетуваме, Синан Сакиќ почина пред пет години по битка со тешка болест. Од 80-тите бил член на групата Јужен Ветер во која бил до 2001. 1982 г. Во 2008 година го сними албумот Reci sve želje, благодарение на кој стана еден од најпопуларните фолк пејачи.