На состанок во Владата се повикани претставници од Сојузот на синдикатите на Македонија. Пред почетокот на состанокот, изјавија дека се повикани во Владата, но дека немаат информација за што ќе се разговара.
Минималната плата согласно одлука на Владата е зголемена за 1.800 денари и сега изнесува 24.400 денари. Од ССМ бараат зголемување на минималната плата на ниво од 30.000 денари и зголемување на останатите плати, имајќи ги предвид трошоците на живот.