Македонската православна црква – Охридска архиепископија ја прифати поканата на Српската православна црква за одржување литургија на помирување, утре во храмот „Свети Сава“ во Белград.
-Ја прифативме поканата од српскиот патријарх, односно Соборот на Српската православна црква за да се воспостави евхаристичко единство со сиот православен свет, се разбира со оваа архиерејска литургија што ќе се отслужи утре во Соборниот храм посветен на „Свети Сава“, изјави денеска портпаролчот на МПЦ, владиката Тимотеј.
Литургијата ќе почне утре во девет часот, а српскиот патријархот Порфириј, како што наведуваат, српските медиуми, го повикал верниот народ во што е можно поголем број да присуствува на архиерејската литургија.