Свет

Синот на Песков го викнаа за мобилизација – „Мора да разберете дека јас сум г-дин Песков, ќе се справам со тоа на друго ниво“

Синот на Песков го викнаа за мобилизација – „Мора да разберете дека јас сум г-дин Песков, ќе се справам со тоа на друго ниво“

Откако вчера Владимир Путин објави дека во земјата се воведува делумна мобилизација, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа разговор меѓу шефот на Популарната политика, канал на Јутјуб основан од поддржувачите на Алексеј Навални и наводниот син на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Дмитриј Низовцев му се јавил на Николај Песков и му се претставил како воен функционер кој сака да го мобилизира, пишува руски инсајдер.

„Утре во 10 треба да се јавиш во службата за мобилизација“, му рекол Низовчев, критикувајќи го што не се јавил на бројот што го напишал на поканата.

„Ова… Вие… Очигледно, јас не доаѓам утре во 10“, рече Песков и додава „Мора да разберете… Дека јас сум г-дин Песков. И не сум многу добар во тоа да бидам таму. Во суштина, ќе се справам со тоа, ќе се занимавам со тоа на друго ниво“, рече некој кој се претстави како син на Песков.

Не сакаше ниту да се запише како волонтер.

„Морате да разберете што се случува и кои се моите права, утре да ви одземат…Верувајте ми, тоа не ви треба ниту на вас, ниту на мене. Јас немам проблем да ја бранам татковината, но мора да ја разберам целта да се појавам таму. Зборувам за одредени политички нијанси“, рече тој.

Во врска со пријавувањето како волонтер, Песков рече: „Ќе го направам тоа што ќе ми кажат. Ако Владимир Владимировиќ рече дека морам да одам таму, ќе одам. Не сум обичен“, рече тој, пренесува Инсајдер.

Во моментов не може да се потврди автентичноста на аудио снимката.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни