Синот на познат рапер паднал од прозорецот на петти кат – во болница е

Синот на РАПЕРОТ Фло Рида, шестгодишниот Зохар, паднал од прозорец од стан и се наоѓа на интензивна нега со сериозни повреди, пишува Page Six. Зохар паднал од прозорец на стан лоциран на петти кат од станбен комплекс во Њу Џерси.

Мајката на Зохар, Алексис Адамс, во тужбата поднесена во понеделникот откри дека инцидентот се случил на 4 март и дека момчето било хоспитализирано со скршеници на карлицата и стапалото, оштетување на црниот дроб и белите дробови и внатрешно крварење.

Се вчитува...

Падна на тротоарот

Таа тврди дека зградата во која живеат е опремена со прозорци кои се опасни поради што нејзиниот син, кој е роден со ретко невролошко нарушување, паднал на бетонскиот коловоз пред зградата. Таа ги тужеше сопствениците и управителите на станбениот комплекс, градежната компанија, фирмата што ги постави прозорците и уште неколку лица.

„Како самохрана мајка на дете со посебни потреби, она што го чувствувам е кошмар. Моето срце е скршено на милион парчиња“, изјави таа за News12. Тој од обвинетите бара отштета, исплата на адвокатските трошоци и здравствените трошоци на Зохар.

„Јас сум уништена, бесна и се борам да се помирам со фактот дека моето единствено дете претрпе сериозни повреди поради намерното невнимание на нашиот сопственик и другите вклучени во непреземањето на потребните безбедносни мерки на претпазливост“, додаде таа.

Фло Рида не е во контакт со својот син, го видел еднаш во животот

Раперот Фло Рида не ја коментираше ситуацијата. Инаку, Алексис рече дека раперот не учествува во животот на нејзиниот син. “Тој го виде својот син само еднаш и тоа беше кога правеше тест за татковство во декември 2016 година, но му беше свртен грб. Тие беа во иста просторија. Не сакаше ниту да го прегрне. Му беше многу ладно”. Алексис изјави за Daily Mail 2018.

Зохар е роден во септември 2016 година. Од раѓање, тој се бори со хидроцефалус, кој е предизвикан од абнормална акумулација на цереброспинална течност во мозочните шуплини.