Синот на претседателот на Уганда бара милијарда долари од Турција и брак со најубавата Турчинка

Шефот на одбраната на Уганда и син на претседателот на земјата, Мухузи Кајнеругаба, побара 1 милијарда долари од Турција и брак со „најубавата жена“ во Турција за она што тој го тврди како нејзин придонес кон регионалната безбедност, заканувајќи се со прекин на дипломатските односи.

Каинеругаба, во серија објави на социјалната мрежа X, се закани дека Уганда ќе ги прекине дипломатските односи и ќе ја затвори турската амбасада во Кампала во рок од 30 дена доколку неговите барања не бидат исполнети.

Тој во своите објави тврдеше дека Турција има корист од деловни и инфраструктурни проекти во Сомалија, вклучувајќи ги пристаништата и аеродромите во Могадишу, додека Уганда, тврди тој, со години носи тежок безбедносен товар, објави денес NDTV.

Каинеругаба рече дека Уганда треба да добие 1 милијарда долари како „безбедносна дивиденда“, со порака дека во спротивно ќе ја затвори турската амбасада.

Во истите објави, тој исто така упати контроверзно барање Турција „да ја предаде најубавата жена во земјата“ за да може да се ожени со неа.

Тој предупреди дека односите меѓу Уганда и Турција не треба да се сведуваат на „игри на социјалните медиуми“, но во исто време најави можност за непосредно прекинување на дипломатските врски.

Каинеругаба, исто така, им советуваше на Уганѓаните да избегнуваат патувања во Турција од безбедносни причини.

Во своите објави, тој изрази и поддршка за Израел, наведувајќи дека е подготвен да испрати 100.000 угандански војници за да ја заштитат „светата земја“.

Ова не е прв пат Каинеругаба да го привлече вниманието на јавноста со необични изјави, бидејќи во 2022 година понуди, како што изјави, 100 крави за брак со италијанскиот премиер Џорџо Мелони.