Иво Филипче, 19-годишниот син на лидерот на СДСМ и поранешен министер за здравство, Венко Филипче, направи чекор во претприемништвото отворајќи сопствена компанија. Според информациите објавени од порталот Skopje1.mk, фирмата, која официјално започна со работа денеска, е регистрирана за дејност трговија на мало со облека.

Компанијата е основана пред точно еден месец, на 22 септември, а нејзиното седиште е регистрирано на адреса во скопската општина Карпош. Засега нема повеќе детали за спецификите на бизнисот.

Иво Филипче, кој годинава наполни 19 години, според наводите има средна стручна спрема и е студент. Низ годините, неговиот татко Венко Филипче често споделуваше семејни фотографии и моменти со синот на социјалните мрежи, јавно честитајќи му родендени и успеси.