Косовската претседателка Вјоса Османи објави дека Арапска Република Сирија го признала Косово.
„Со поддршка на неговото кралско височество, престолонаследникот на Кралството Саудиска Арабија, Мухамед бин Салман Ал Сауд, денеска во Ријад постигнавме договор преку кој Арапската Република Сирија ја признава Република Косово. Му благодарам на претседателот Ал Шара за одлуката за признавање на Косово, како и за неговата поддршка за нашиот народ“, напиша Османи на Фејсбук.
Таа додаде дека народот на Косово и Сирија многу страдал и направил жртви за да ја постигне слободата.
„Нашата Република оди напред и ништо не може да ја запре“, посочи Османи.
Досега вкупно 120 држави го признале Косово.