СИТЕ ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊЕТО НА СОРАЈА! Еве колку алкохол имала во крвта! Мора да плати казна!

Сораја Вучелиќ утрово е приведена во Будва поради возење под дејство на алкохол. Старлетата утрово околу пет часот била запрена од сообраќајната полиција кога по алкотестот било утврдено дека вози со еден на милион алкохол во крвта.

Прекршочниот суд ја казни Сораја со парична казна од 600 евра, како и забрана за возење во траење од три месеци. Покрај тоа, старлетата доби и три казнени поени.

– Во седиштето на судот С.В. (37) од Бар е казнет со 600 евра за управување со возило „мерцедес“ под дејство на алкохол со концентрација од 1,02 г/кг во телото. Покрај казната, и е изречена забрана за возење во траење од три месеци, како и три казнени бода кои ќе ги спроведува Полициската управа на Црна Гора – соопштија од судот.Вучелиќ отрезнуваше два и пол часа во станицата во Будва. .

Само неколку часа пред апсењето, старлетата била во Будва на настапот на Александра Пријовиќ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното