Покрај тоа што мандарините се вкусни тие се и лековити. Сезона е на мандарини, се јадат во големи количества и во споредба со другото овошје, не се скапи.
Тоа што, меѓутоа, речиси сите го правиме е што ги фрламе корите од мандарини, а тие може да ни помогнат да не настинеме, да ја смират кашлицата, а дури и да се решиме од главоболка.
Мандарините се вкусно овошје кое многумина го обожаваат.
Но, всушност лушпата од мандарина е многу здрава и корисна. Постојат многу начини на кои може да се искористи, а ние ви пренесуваме еден.
Кората од мандарина ќе ве спаси од кашлица и болки во грлото, а еве и како…
Совет плус: не ги правете овие рецепти со прскани мандарини, користете само домашни, нетретирани со хемикалии.
Сомелете 50 гр кори од мандарина и ставете ги во стаклена тегла. Мелените кори прелијте ги со чаша водка или 40-постотен алкохол.
Теглата добро затворете ја и оставете ја отстои седум дена на темно место.
Потоа земајте по една лажица после јадење, а потоа јадете по една лажица мед.
Мандарините имаат многу малку калории. На пример, во 100 грама мандарини има само 34 калории и 30мг витамин Ц, што е двојно повеќе од портокалите, а со разградувањето на бета каротинот се добива витамин А, кој е важен за видот и кожата.
Мандарините во себе содржат фолна киселина, железо, магнезиум, витамин Б1, Б2, Б3, односно влакна кои се неопходни за варењето на храната. Исто така, консумирањето на мандарини помага во борбата против целулитот.
Според истражувањата консумирањето на мандарините помага во борбата со болести како што се дијабетес, мозочен удар како и проблеми со срцето.
Мандарините се познати по тоа што во себе содржат нобилетин, кој се наоѓа во нивната кора и кој е десет пати посилен од оној што се наоѓа во грејпфрутот, а помага во борбата со холестеролот како и повишени триглицериди. Според долгогодишните истражувања нобилетинот помага и при артеосклероза, односно затнувања во артериите кои можат да доведат до срцев или мозочен удар.



