Од една страна се многу срамежливи и мирни, а од друга, може да бидат многу ексцентрични и енергични. Станува збор за хороскопскиот знак Водолија.
И во двата случаи станува збор за длабоки мислители кои сакаат да им помагаат на другите луѓе. Високо интелектуален, овој знак кој го карактеризира независност, е без предрасуди.
Иако многу се прилагодливи на енергијата која ги опкружува, водолиите имаат длабока потреба да бидат сами и далеку од сѐ за да може да ја обноват енергијата. Лицата родени во знакот на водолија го гледаат светот полн со можности, иако за многумина ги нема.
Водолија е воздушен знак и како таков го користи умот во секоја прилика. Уран е планетата која владее со овој знак и на припадниците им дава визионерски квалитети.
Водолиите се мислители, прогресивни се и хуманисти. Добро се чувстуваат во група и во заедница, сакаат постојано да бидат опкружени со луѓе.