На Фејсбук страницата „Носталгија“ е објавена фотографија од типичен стан од Југославија од 70-тите и 80-тите години на минатиот век, со опис: „Вака изгледаа становите во Југославија во 80-тите години“.
Но, вниманието на корисниците на Интернет не го привлече само внатрешноста на станот, туку и пораката што ја носи фотографијата. Многумина забележаа нешто што денес е ретко – семејно заедништво.
“Ништо не фали во тој стан. Погледнете колку има љубов, децата седат во скутот на родителите, тоа беше најважно. Денес секој седи сам, гледа во мобилниот телефон и нема време да разговара. Тажно е”, напишал еден корисник. Друг додаде: „Првото нешто што го забележав беа родителите кои ги држат своите деца во скут. Порано имаше повеќе љубов во семејството, но денес сите гледаат во својот телефон“.
Оваа објава започна и поширока дискусија. Некои истакнаа дека иако становите можеби не изгледале модерно, барем тогаш биле достапни. “Во тоа време луѓето можеа да добијат станови од компанијата или од градот. Денес? Ако твоите родители не можат да купат, остануваш со изнајмување”, коментира еден корисник.
Сепак, не се согласија сите. „Тогаш беа земени нечии станови и куќи, а вистинските сопственици и денес не можат да ги вратат. Многумина останаа без имотот“, напиша друг коментатор.