Сите плаќаме голема цена во војната, мојот син мораше да ја откаже свадбата

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес, зборуваше пред израелската болница Сорока, која денес беше оштетена во иранскиот напад. Тој ја спореди загубата на цивили и цивилни животи со откажаните планови за свадба на неговиот син.

„Целиот народ на Израел ја плаќа цената. Минуваме низ блиц, и тоа на неверојатен начин.“

Нетанјаху кажа дека поради војната, неговиот син морал да ја откаже свадбата, изјава која предизвика многу полемики во Израел.

„Секој од нас плаќа лична цена, а моето семејство не е исклучок. Ова е вторпат мојот син Бени да откаже свадба поради закани со ракети. Тоа е лична цена и за неговата свршеница, и морам да кажам дека мојата драга сопруга е херој и таа носи лична цена“, вели премиерот.