4NEWS.mk

СЈО го доби дописот за предавање на предметите

Претпладнево на адресата на СЈО пристигнал дописот од Јавниот обвинителс Љубомир Јовески за префрлање на предметите. Од специјалното јавно обвинителство информираат дека го добиле известувањето од ЈО со кое раководи Јовески, но детали за тоа на кој начин ќе се прави трансферот на предметите, од СЈО велат дека ќе објават во текот на утрешниот ден.
 
Во меѓувреме во Кривичниот суд се одложуваат судењата кои ги водат обвинителите од СЈО. 
 
По Транспортер, денеска по барање на обвинителот Бурим Рустеми е одложено и судењето на предметот ТНТ.
 
Зоран Јаневски 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни