Министерството за внатрешни работи информира дека 82-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена за сума од околу 170.000 денари од лице кое се претставувало како полициски службеник.
Според пријавата, измамникот ја контактирал телефонски и ѝ кажал дека нејзината внука предизвикала сообраќајна несреќа во која починало дете и дека е потребно да плати за да не оди во затвор. Поради страв, жената излегла на улица и му ги предала парите на машко лице. Подоцна сфатила дека нејзината внука не учествувала во никаква несреќа и дека станува збор за измама.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и апелираат граѓаните да бидат внимателни и да не даваат пари на лица што се претставуваат како полициски службеници.