Македонија

Скопјанка пронашла пет угинати кучиња и една угината лисица – обдукцијата откри дека биле отруени!

Скопјанка пронашла пет угинати кучиња и една угината лисица – обдукцијата откри дека биле отруени!

На 31.03.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје, И.С.(37) од Скопје пријави дека на 03.03.2026 во с.Маркова Сушица пронашла пет угинати кучиња и една угината лисица.

Според пријавеното, таа самоиницијативно едно од угинатите кучиња го однела на обдукциска анализа на Факултетот за ветеринарна медицина Скопје, при што на 25.03.2026 добила обдукциски протокол според кој кучето било угинато како последица на труење од отров.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни