На 25.09.2025 Единицата за насилен криминал- Одделение за семејно насилство при СВР Скопје поднесе кривична пријава по итна постапка поради основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2 од КЗ против Д.С.(36) од Скопје, затоа што на 23.09.2025 околу 18:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, физички ја нападнала својата 68-годишна мајка и при тоа и нанела повреда.
Веднаш по добиената пријава, полициските службеници презедоа соодветни мерки и активности, Д.С. е лишена од слобода, а од страна на судија на претходна постапка одредена и е мерка притвор во траење од осум дена.
Читај и ова:
- 1.Зеленски: Украина ја зголемува употребата на оружје со долг дострел и санкциите против Русија
- 2.Го славиме Свети Јован Богослов, апостол и евангелист
- 3.Дневен хороскоп – четврток – 9 октомври 2025 година
- 4.Финансиските друштва со рекордни 150 милиони евра кредити кон населението
- 5.Израел и Хамас ја потпишаа првата фаза од планот – Трамп: Ова е невидено, знаеме што следи