Скопје и Рим потпишаа меморандум за соработка и размена на искуства

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и градоначалникот на Градот Рим, Роберто Гуалтиери, денеска во Скопје потпишаа Меморандум за воспоставување соработка, пријателски релации, заеднички активности, размена на искуства од областа на културата и на животната средина, како и за изнаоѓање решенија на предизвици од социо-економски карактер.

Со Меморандумот, Скопје и Рим ќе поддржат и поттикнуваат реципрочна поддршка за иницијативи насочени кон соработка и развој во областа на урбанизмот, урбаната регенерација, заштитата на животната средина, културата и за иницијативи насочени кон соработка и развој во областа на инклузијата и иновациите.

@На денешната средба, градоначалничката Арсовска го запозна градоначалникот Гуалтиери за активностите на Град Скопје во рамки на кандидатурата на Скопје за престижната титула Европска престолнина на културата и ја истакна поддршката од Скопје за кандидатурата на Рим за Експо 2023#, информираат од Град Скопје.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното