Скопје на деветто место на листата на најзагадени градови во светот

Скопје се најде на деветто место на листата на најзагадени градови во светот, според последните мерења на квалитетот на воздухот. Воздухот во главниот град е квалификуван како „нездрав“, што предизвика сериозни загрижености кај јавноста.

Од европските градови, пред Скопје на оваа неславна листа се наоѓа Сараево, Техеран, Мумбаи, Делхи, Лахоре и други.

Извештајот покажува алармантно високи концентрации на ПМ-честички и други штетни материи во воздухот, што ги надминуваат безбедните граници за човечкото здравје. Ова го позиционира Скопје меѓу најзагадените урбани средини во светот, со сериозни последици по квалитетот на животот и здравјето на граѓаните.

Инаку пред две недели Скопјани излегоа на протестен марш и го искажаа своето незадоволство од загадениот воздух. Според организацијата Зелен хуман град, секоја година во Македонија се бележат по речиси 4.000 смртни случаи предизвикани од изложеност на честичките пм10.

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, кој се обрати на конференцијата, рече дека според него, првиот фактор за лошата состојба со амбиенталниот воздух е тоа што домаќинствата и индустријата сè уште користат неквалитетно дрво и други извори за греење, посебно во зимската сезона.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното