Скопје одбележува 81 годинa од ослободувањето

Денеска Скопје одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и организации ќе оддадат почит и ќе положат цвеќиња на партизанските гробишта во Бутел и на споменикот „Ослободители на Скопје“ на платото пред владината зграда.

Ќе бидат врачени и 13-ноемвриските награди за личности кои дале особен придонес за прогрес и промоција на главниот град.