Скопје утрово на 26-то место по загаденост

Утрово, Скопје се најде на 26. место на глобалната листа на најзагадени градови според платформата за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“. Со индекс од 137 во однос на штетните честички, главниот град е сместен во портокаловата зона, што значи дека воздухот е штетен за лицата со чувствително здравје и хронични заболувања.

Првото место на оваа листа го зазема Сараево, каде индексот на аерозагаденост изнесува 296, што ја прави воздухот во главниот град на Босна и Херцеговина многу нездрав.

Меѓу првите 10 најзагадени градови во Европа, на второто место е Краков во Полска со индекс од 198, а третото место го зазема Ханој во Виетнам со индекс од 196.

Податоците од платформата „IQAir“ покажуваат и други европски градови со високи индекси: Приштина е на 19. место, Софија на 22. место, Букурешт на 23. место, Љубљана на 37. место, Загреб на 46. место, Белград на 51. место и Атина на 87. место.

Платформата за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“ нуди информации во реално време за аерозагаденоста, што им овозможува на граѓаните да се информираат и да преземат мерки за заштита на своето здравје.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното