Слаби земјотреси рано утрово ги потресоа Хрватска и Србија

Хрватска и Србија се тресеа во раните утрински часови.

Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во Хрватска со епицентар на 13 километри од Сисак нешто пред 16 часот.

„Денеска во 3 часот и 31 минута (СЕВ) сеизмографите на Сеизмолошката служба забележаа слаб земјотрес со јачина М 2,5 степени меѓу Деановиќ и Доња Млинога, 15 километри јужно од Сисак. Интензитетот во епицентарот, проценет од јачината, III (три) ЕМС“, соопшти таа Сеизмолошка служба на Хрватска.

Два часа подоцна се стресе и Србија.Таму епицентарот бил кај Краљево, а јачината на земјотресот била 2,4 степени. Таму, инаку, вчера околу 22 часот е регистриран и земјотрес со иста јачина од 2,4 степени.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното