Слатка солена торта со чоколадо и переци

Вистинско слатко-солено задоволство

Потребни состојки:

  • 450 грама квалитетно темно чоколадо, исечкано
  • 115 грама несолен путер, исечкан
  • 4 јајца, одвоени
  • 55 грама шеќер во прав
  • 2 лажички морска сол
  • 50 грама мини переци

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 160 степени и поставете хартија за печење на основата и ѕидовите на тркалезен сад за печење со големина од 22 сантиметри.

Сместете го чоколадото и путерот во сад отпорен на топлина и поставете го над тенџере со зовриена вода (не дозволувајте садот да се допира до водата). Мешајте повремено сè додека состојките не се стопат и комбинираат, а потоа тргнете го од оган. Измешајте ги жолчките од јајцата со солта, а потоа тргнете ги настрана. Во меѓувреме, поставете ги белките од јајцата во сад и на висока брзина изматете ги со миксер. Мешајте сè додека не се формираат нежни врвови. Намалете ја брзината на миксерот и полека турајте го шеќерот додека мешате и потоа зголемете ја повторно брзината и матете сè додека не добиете смеса која е цврста и сјајна. Нежно префрлете ја смесата со јајцата во смесата со чоколадото и мешајте сè додека не се комбинираат, а потоа префрлете ги во подготвениот сад за готвење и врз нив наредете переци.

Печете 30-тина минути или сè додека центарот на тортата не се испече целосно. Дозволете ѝ прво да се олади, а потоа оставете ја во фрижидер околу 3 часа. Рецептот е за 8 до 10 парчиња торта. Добар апетит.