Македонија

Следува разладување: По жештините доаѓаат дожд, грмежи и невреме

Следува разладување: По жештините доаѓаат дожд, грмежи и невреме

Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 39 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. T=38°C. P=984hPa. U=28%. V=2m/s. UV index=9

До вторник времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Под влијание на циклонска активност од вторник од попладневните часови, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, кој од четврток ќе биде поизразен долж Повардарието и повремено наместа ќе надминува брзина од 50 km/h.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни