Светот ја слушна веста дека познатата пејачка се разведува. Рики Мартин и Џван Јозеф имаат две деца заедно, а сега се разделуваат по шест години брак.
-Одлучивме да ставиме крај на нашиот брак во љубов, почит и достоинство кон нашите деца, почитувајќи го сето она што сме го доживеале како пар сите овие години, објавија тие во изјава за магазинот People.
-Нашата најголема желба е да продолжиме да имаме здрава семејна динамика и врска заснована на мир и пријателство, да продолжиме заедно да ги воспитуваме нашите деца со зачувување на почитта и љубовта што ја имаме еден кон друг, се вели во соопштението.
Рики Мартин и Џван Јозеф имаат две деца, ќерката Лусија родена во 2018 година и синот Рено роден во 2019 година.
Потсетуваме, познатиот пејач во 2008 година ги имаше близнаците Матео и Валентино, кои ги одгледува како самохран родител.