Словенија: Министер обвинет за мобинг поднесе оставка

Словенечкиот министер за култура Дејан Прешичек, ја понуди својата оставка по скандалот во кој беше обвинет за мобинг. Тој до премиерот Марјан Шарец ја понудил својата оставка, објавено е денеска на прес-конференција.

Прешичек се најде на „мета“ на обвинувања за мобинг кон вработените, како и за злоупотреба на својата положба, а се започнало кога еден вработен во министерството извршил самоубиство.

Според хрватскиот „Јутарњи“, станува збор за татко на три деца кој бил болен од рак, и кој трпел мобинг од страна на министерот и неговите најблиски соработници.

Прешичек ги отфрли обвинувањата, но признал дека злоупотребил користење на автомобилите на министерството. Навел дека решението е само оставка на своето место.

Според неофицијалните информации премиерот нема да ја прифати оставката.

Извор: ТВ21