По Грција како прва земја, денеска на вонредна седница Словенија го ратификуваше протоколот за членство во НАТО на Република Северна Македонија.
На вонредната седница денеска обраќање имаше и претседателот на Собранието, Талат Џафери кој е во официјална посета на Словенија.
Следна земја која треба да гласа за ратификација е Албанија, каде веќе на комисија доби зелено светло, а на седница треба да се најде в четврток.