Антикорупциска по сопствена инцијатива ќе го истражува случајот со генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.
Комисијата вчера доставила барање и до М-НАВ и до Владата да и се достават сите документи во врска со спорниот тендер за радарски систем за скопскиот аеродром.
Антикорупционерите ќе бараат одговори од Владата во кое својство генералниот секретар е вклучен во тендерската постапка, зошто е разрешен техничкиот директор Михаил Чепуњовски, но она ште е важно е да се утврди зошто тендерската постапка е развлечена со години.
Деспина Тодоровска
