Доколку некаде патувате со туристички автобус, задолжително внимавајте на своите лични работи.
Еве на кој начин можат да ве ограбат:
Имено, пред неколку дена, наводно, на паркингот пред Сава Центарот во Белград приметени се крадци кои се качувале во туристички автобуси кои биле пред поаѓање кон Грција.
Како што пренесуваат очевидците, приметени се две лица кои влегуваат и излегуваат во автобусот како да се патници и ги проверуваат „своите лични работи“, односно оние кои вистинските сопственици ги оставиле и излегле пред автобусот до тргнувањето.
Овие момци го искористиле тој временски период и ограбиле неколку лица.