Врнежите од снег и лошите услови за движење, предизвикаа проблеми во сообраќајот во Хрватска, а снегот има на повеќето патишта во Горски Котар и Лика.
Слободен сообраќаен пат од насоката на внатрешноста кон Риека, Истра и Далмација, не постои ни за товарните возила, објави хрватскиот автомото-клуб.
Силниот ветер предизвикува проблеми и на Јадранскиот автопат.
Во повеќето делови на БиХ, поради снег сообраќајот се одвива многу бавно, објави Фена. Делниците на патиштата во јужниот дел на земјата се одвиваат на влажни патишта – објави Авто-мото сојузот на БиХ.