Снегот го парализира Истанбул: Затворен бродскиот сообраќај на Босфор, откажани летови!

Поради обилните снежни врнежи во Истанбул, кои траат веќе трет ден, поморството на Босфорот денеска е затворено во двата правци, соопшти Генералниот директорат за безбедност на крајбрежјето на турското Министерство за транспорт и инфраструктура.

Туркиш ерлајнс соопшти дека некои летови од и до аеродромот во Истанбул, кои беа планирани за утре, се откажани поради снежни врнежи, пренесе „Хуриџет“. Училиштата во Истанбул во понеделник ќе бидат затворени поради големиот мраз, што се очекува да го спречи движењето на училишните автобуси.

Од петок на полноќ на мотоциклистите и курирските служби им е забрането да возат во Истанбул до понатамошно известување.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното