Автобусот кој ги превезуваше работниците од Колубарскиот рудник, се преврте утрово, недалеку од Лазаревац, на патот Крушевица – Рудовци.
Според најновите информации, тројца се повредени, а автобусот се движел на патот Вреоци – Бистрица – Лазаревац.
Несреќата се случила околи 7.30 часот.
Според неофицијални информации, возачот ја изгубил контролата над возилото, а очевидци велат дека патот бил покриен со многу снег. Автобусот излетал од коловозот и се превртел.
Полицијата спроведе истрага, а повредените биле пренесени во Службата за вонредни состојби во Лазаревац, додека едно лице било испратено во Центарот за вонредни состојби во Белград.
Возачите се советуваат внимателно да возат во овој дел, бидејќи патот е лизгав.
