Снимката на репортерот стана вирална поради она што тој го правеше додека известуваше

Американскиот репортер Виктор Вилијамс стана хит на Твитер откако неговата репортажа беше емитувана на вестите на локалната телевизија во Детроит.

Виктор се одлучи за малку поинаков пристап во известувањето, па сними репортажа во новоотворениот скејт парк во Детроит. Притоа, тој го заобиколи паркот на скејтборд и зборуваше за бесплатни часови по скејт.

“Бесплатни часови по скејтборд неодамна станаа достапни во новиот парк во Детроит. Секако дека морав да им покажам на децата неколку трикови. Посакувам вакво нешто да постоеше кога бев дете и мило ми е што сега е достапно во Детроит” рече тој.

Снимката од неговата репортажа набрзо стана вирална на Твитер, а коментарите продолжуваат да следат.

„Тој е најголемиот фраер досега“, „Ова е многу кул“, „Ти си икона“, „Од сега па натаму си на мојата листа на херои“, „Ни требаат уште вакви луѓе“, се само некои од коментарите на социјалната мрежа.