Политичките партии сѐ уште официјално не соопштиле, но неофицијалните информации од власта и опозицијата се дека парламентарните избори ќе се одржат на 8 мај, среда. Овој датум е одбран бидејќи влегува во терминот за редовни парламентарни избори и во законската рамка за одржување на вториот круг претседателски избори и избор на претседател на државата кој треба да биде завршен до 15 мај.
Доколку изборите се одржат на 8 мај, тогаш среда ќе биде неработен ден. Но, предходно следуваат неработни денови за 1 Мај и Велигден. 1 Мај годинава е во среда и е неработен ден, додека Велигден е на 5 Мај што значи дека неработни денови ќе бидат и 3 мај Велики Петок и 6 мај понеделник, втор ден Велигден. Потоа работен ќе биде вторник 7 мај, па повторно неработен ден 8 мај кога ќе се одржат изборите. Граѓаните доколку земат четири работни денови одмор (2, 7,9 и 10 мај) со празниците врзуваат 12 слободни денови.
[irp posts=”312545″ ]
Но, и покрај мкжноста голем број граѓани да си ги спојат празниците сосе изборите и да заминат на продолжен викенд, за партиите заедничко прифатливо решение е тие да се одржат на 8 мај. Власта сака да остане на ставот дека парламентарните избори ќе бидат во редовен термин, а опозицијата да се одржат заедно со претседателските.
Спикерот на Собранието Талат Џафери вчера на брифинг со новинари рече дека досега не е информаиран за датум за изборите. Но, доколку се одржат на 8 мај тогаш на 28 ќе ги распише изборите, а на крајот на јануари или 100 дена пред изборите ќе треба да се формира техничката влада.
Неофицијално договорот меѓу политичките партии за датумот на избори ќе биде соопштен наредната недела.