Со брусалка сечел возило, од искрите настанал пожар кој зафатил други 7 возила!

На 09.04.2025 околу 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во плац за возила на подрачјето на Карпош, сопственост на И.Ш.(57) од Скопје, настанал пожар на сува трева од кој биле зафатени седум возила кои не биле во возна состојба и ги користел за резервни делови.

Според пријавеното, додека И.Ш. со брусалка сечел едно од возилата, од искрите настанал пожар на сува трева, кој се проширил и ги зафатил возилата.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. И.Ш. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното