4NEWS.mk

Со документи од руски разузнавачи Дачиќ бара одговорност за Тадиќ и Јеремиќ

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека обвинителството, судовите и надлежните органи треба да утврдат дали Вук Јеремиќ и Борис Тадиќ работеле на штета на српските интереси и дали побарале од Русија да не става вето во ООН во однос на Косово.

Дачиќ ова го изјави по повод документите на руските разузнавачи во кои се наведува дека во ноември 2005 Јеремиќ побарал од Русите да не бидат пречка за независноста на Косово.

Дачиќ оцени дека ова е предавство на земјата и истакна дека мора точно да се утврди зошто Јеремиќ побарал од Русите да не стави вето на Советот за безбедност на ОН.

Дачиќ истакна дека Јеремиќ во тоа време дејствувал како дипломатски дилетант и дека “ништо тука се нема сменето”, бидејќи тој исто се однесува и денес.

-Затоа, неопходно е да се утврди вистината за да се види кој што се сторил зад кулисите, така што граѓаните следниот пат кога ќе излезат на гласање ќе одлучат дали ги сакаат оние кои им наштетиле на односите на Србија, повторно да дојдат на власт, изјави Дачиќ. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни