Со што се троши повеќе гориво, со клима уред или спуштен прозор?

Дали знаете како се троши повеќе гориво, дали спуштените прозори или вклучената клима?

Имено, докажано е дека возењето со клима за 5% ја зголемува потрошувачката на гориво во автомобил со четири патници. Потрошувачката зависи од многу фактори, а и од моделот на автомобилот, возачките навики и.т.н.

Климата ја зголемува потрошувачката, но спуштените прозори го зголемуваат отпорот, па поради тоа моторот треба да работи понапорно, а со самото тоа троши и повеќе гориво.

Тестот покажал дека за потрошувачка е најлошо ако возите со спуштени прозори при брзина од 85 до 95 километри на час. При истата таа брзина ефикасноста на потрошувачката на гориво паѓа за 20%, додека со користење на клима за 10%.

Во случајот да возите под 80 на час, тогаш прозорите ви се подобра варијанта. Така додека сте во град може да возите со отворени прозори, а на отворено дефинитивно е подобро со клима.