Со службено возило на „Партизанска“ поминал преку две полни линии и вклучил флешери, полицијата го казни!

Денеска (11.10.2025), полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Б.Б., постапувајќи по објавеното видео кое беше објавено на социјалните мрежи на 09.10.2025 на кое се гледа како на бул.„Партизански одреди” управува службено возило „шкода” со скопски регистарски ознаки, при што користи уреди за посебни светлосни знаци и преминува преку две полни линии.

Против Б.Б. се преземени мерки по член 139 став 11 и 30 и став 5 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.