ОМО Илинден Пирин најде соодветни простори за новиот македонски културен центар во Благоевград.
Дел од средствата се собрани со помош на македонската дијаспора од Канада, а нашинците очекуваат и поддршка од Владата во Македонија, а за тоа веќе испратиле и писмо до премиерот Димитар Ковачевски.
Според информациите, македонскиот културен центар треба да го носи името на Никола Вапцаров.
Македонците во Бугарија очекуваат и Ковачевски лично да присуствува на отворањето на македонскиот културен центар во Благоевград.
Македонскиот активист во Бугарија, Атанас Мазнев во изјава за Сител ТВ вели дека не се очекува да имаат проблеми од бугарските власти.
Центарот би се отворил по повод празникот Илинден или на 12 септември.
Инаку, пред неколку месеци Ковачевски истакна дека се планира отворање на македонски културен центар во Благоевград, а оваа изјава дојде како реакција на отворањето на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“