Во Собранието започна 29-та седница, прва за оваа година, на која се разгледуваат четири интерпелации од коалицијата „Европски фронт“ за вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик Астрит Исени. Дополнително, пратеничката група на Левица поднела интерпелација против Илире Даути, пратеничка од Алијанса за Албанците и претседателка на Комисијата за социјална политика.
Пред усвојувањето на дневниот ред, претседателот на Собранието Африм Гаши ја одложи седницата за час по барање на пратеникот Борислав Крмов од Левица за дополнителни консултации.
Интерпелациите за членовите на Владата беа поднесени на 3 декември по настаните на прославата на Денот на албанското знаме, додека барањето за отпуштање на Илире Даути беше поднесено на 21 ноември поради блокирањето на Законот за бранителите.