Само една недела пред убиството на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес и 12 дена пред грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, сега веќе осомничениот за двојно убиство Љупчо Палевски, во својство на граѓанско лице, доставил до Собранието предлог за референдум.
Точката е ставена на дневен ред на седницата закажана за 22 декември, а со истата се предлага задолжителен референдум на државно ниво за целата територија со референдумско прашање: „Дали сте за Договорот меѓу Република Македонија и Република Бугарија склучен на 1 август 2017“.
Имено, за да се распише референдум, потребно е да се соберат 150 илјади потписи.