Со изгласувањето на три закони, косовскиот Парламент денеска одобри формирање на војска во оваа земја. Парламентарците од „Српската листа“ не учествуваа во гласањето.
На денешната седница присуствуваа и косовскиот премиер Рамуш Харадинај и претседателот Хашим Тачи.
Трите закони изгласани денеска овозможува трансформација на Косовските безбедносни сили во вооружени сили на Косово. Во Парламентот беа присутни и идни војници на војската.
Првиот закон се однесува на трансформација на КБС во Министерство за одбрана. Вториот закон на трансфромација на КБС во вооружени сили. И со третито закон е завршена процедурата за формирање на косовска војска.
Низ градовите во Косово се слави оваа одлука на косовскиот Парламент.