Собраниево вечерва експресно ги изгласа измените на Казнениот законин со кои се намалуваа казната затвор за функционерите. Откако предлог измените беа доставени во Собрание на денешната седница со 48 гласа „за“, 36 против и еден воздржан без многу дискусии и ните еден амандман пратениците ги изгласаа измените.
Со измените за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ наместо најмалку 3 години затвор, казна е од една до четири години затвор, како и казната од членот 394 „Злосторничко здружување“ до 10 години, сега е намалена на до 3 години.
Законот се донесе со европско знаменце, во забрзана постапка, бидејќи, како што кажа претставникот на Владата на седницата, од вкупно 38 члена во законските измени и дополнувања, 35 се со директивите на ЕУ.