Софија гори: Демонстрантите ја нападнаа полицијата со камења

Протестот во Софија против буџетот за 2026 година ескалира, илјадници демонстранти се на улица.

Како што може да се види од фотографиите и видеата од таму, низ улиците има голема тензија.

Има скршени канти за ѓубре, а капаците летаат и кон униформираните полицајци.

Има уништени полициски комбиња – со дупнати гуми и скршени прозорци. Полицијата се обидува да ги лоцира демонстрантите.

Исто така, има повредени полицајци врз кои биле фрлани камења и стапови.

Противпожарно возило и трамвај се блокирани во толпата.