Сок од три моќни состојки – еве како да го направите најстариот рецепт за слабеење

Губењето на килограмите е процес во кој е потребно да се обрати внимание на низа фактори.

Освен физичката активност и контролираната исхрана, која никако не треба да вклучува гладување, во овој процес може да ви помогнат и мали нутриционистички трикови.

Еве како да го направите најстариот рецепт за слабеење:

Состојки: 

  • 1 шолја од свежо исцеден грејпфрут
  • 2 лажички јаболков оцет
  • 1 лажичка мед.

Подготовка: 

  • Се добро измешајте во блендер додека состојките во потполност не се поврзат. Сокот испијте го пред сите три оброци.

Постапката треба да ја повторувате секојдневно 7 дена по ред, а потоа направете пауза од една недела, кога повторно може да ја повторите постапката.

Доколку не ја поднесувате горчината на грејфрутот, секој втор ден заменете го со сок од свеж портокал.