Македонија

Сончево и многу топло со температури до 39 степени

Сончево и многу топло со температури до 39 степени

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во деновите од викендот ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни