Сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер. Наместа ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.