Breaking МВР: Над 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила и 35 кровови по невремето во Скопје
Македонија

Сончево со мала до умерена облачност – температурите до 26 степени

Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има локално зголемување на облачноста проследено со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната од 16 до 26 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне облачноста повремено ќе се зголемува и во делови од котлината е можен краткотраен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 10, а максималната ќе достигне 20 степени. Од вторник следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните од четврток ќе бидат во пораст. До вторник ќе дува засилен, а потоа умерен северен ветер.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни