Сончево со температури до 31 степени

Утрото ведро и посвежо, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 31 степен.

За време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со постепен пораст на температурата на воздухот. Потоа ќе настапи зголемување на облачноста.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.