Сонот ги брише лошите сеќавања

Ако ви треба причина плус за оправдување на спиењето по х-часа, само кажете дека сте „под преголем стрес“. Науката вели дека лачењето на хемикалиите на стресот се прекинуваат кога мозокот започнува да ги обработува емотивните искуства за време на РЕМ фазата од спиењето.

Многу луѓе кои се под емоционален стрес „незадоволно“ легнуваат да спијат, несвесни дека токму спиењето и сонувањето може „да ги избришат“ лошите сеќавања. Научниците велат дека сонувањето е од суштинско значење кога сакаме да се избориме со внатрешниот немир.

Истражувачите од универзитетот Беркли веруваат дека нашиот мозок ги обработува емотивните искуства додека сонува и ја облажува болката кај сеќавањата кои тешко ги преболуваме. Магнетната резонанца покажала дека сонот предизвикува драматично намалување на реактивноста во амигдалата, делот од мозокот кој ги обработува емоциите. Ова му овозможува на префронталниот кортекс, делот од мозокот задолжен за рационално расудување, да ја врати контролата над емоционалните реакции на луѓето.

Покрај тоа, снимки на електричната мозочна активност на учесниците во студијата направена на Беркли покажале дека нивото на неврохемикалиите на стресот е намалено за време на спиењето.

Научниците велат дека РЕМ фазата на сонот делува како терапија, како смирувачки мелем кој ја отстранува јачината на емотивното искуство од претходниот ден.

Иако една третина од својот живот ја минуваме спиејќи, не постои научна согласност за функцијата на сонот. Овие најнови резултати од Беркли се меѓу првите увиди во емоционалната функција на РЕМ фазата од сонувањето, на која обично „одделуваме“ 20% од времето кое еден здрав човек го минува спиејќи.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното